7. Само за кратко време го направи помал од ангелите, а потоа со слава и со чест го овенча.
8. Му даде власт над се“. Кога вели: „Му даде власт над се“, значи дека Бог не оставил ништо што не е под Негова власт, иако засега не гледаме дека се Му е потчинето.
9. Но Го гледаме Исуса - Кој иако за кратко време беше на пониско место од ангелите, за да страда и да умре за сите, покажувајќи ни ја Божјата благонаклоност - сега Тој е овенчан со слава и чест!
10. И навистина, Бог, Кој е Творец на се и Кому Му припаѓа се, постапи соодветно, кога преку страдања Го издигна Исуса во совршен водач, зашто Исус на многу Божји чеда им донесе спасение и слава.
11. Сега и Исус, и оние што ги освети, имаат еден ист небесен Татко. Затоа Исус не се срами да ги нарече браќа,
12. кога на Бог Му се обраќа со следниве зборови: „Твоето име меѓу браќата ќе Го проповедам, и сред собранието ќе Те прославувам!“
13. А го рече и следното: „Во Бога ќе ја положам Својата доверба.“ И потоа: „Еве Ме заедно со чедата што Ми ги даде Бог!“
14. Бидејќи „чедата“ - како што Тој ги нарече - се луѓе од крв и месо, и самиот Исус стана како нив, со цел преку Својата смрт да го уништи Ѓаволот, кој ја има власта над смртта,
15. и да не ослободи сите нас, кои цел живот живееме како робови на стравот од смртта.
16. Јасно е дека Исус не дојде да им помогне на ангелите, туку на Авраамовите потомци.
17. Затоа, Тој мораше во се да стане сличен на Своите „браќа“, за да стане нивни верен и милостив Првосвештеник пред Бог. Така можеше да принесе жртва што ќе ги отстрани гревовите на луѓето.
18. Сега, кога и Тој помина низ страдања и искушенија, може да ни помага кога ние минуваме низ искушенија.