Евреите 12:17-19 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

17. Знаете дека, подоцна, кога тој сакаше да го добие татковиот благослов, беше одбиен. Со ништо веќе не можеше да ја промени својата поранешна постапка, иако со солзи молеше.

18. Вие сега не пристапувате кон материјална планина како тогашните Израелци кон Синај, ни кон разгорен оган, ни кон темни облаци, ни кон луња,

19. ни кон звук на труба, ниту кон силен глас (Израелците слушнаа таков глас, па молеа другпат да не им зборува!)

Евреите 12