6. Понатаму, кога Го испрати Својот Првороден Син на светот, Бог рече: „Сите ангели Божји Нему нека Му се поклонат.“
7. И додека Бог ангелите ги нарекува: „Гласници брзи како ветер, слуги од огнен пламен“,
8. напротив, за Својот Син вели: „Ти Си Бог и вечно ќе владееш како Цар! Твојата царска моќ воспоставува правда.
9. Ти ја сакаш правдата, а го мразиш беззаконието, и затоа Јас, Твојот Бог, Те избрав Тебе и ти определив поголема радост отколку на Твоите придружници.“
10. А кажано е и следново: „Господе, Ти беше Тој што во почетокот ја создаде Земјата, а и небесата се дело на твоите раце.
11. Тие ќе пропаднат, ќе изветват како стара облека, а Ти ќе останеш.
12. Ќе ги свиткаш како старо палто, ќе избледат како стара облека. А Ти си секогаш ист, Ти никогаш нема да станеш стар.“