Евреите 1:1-3 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Во минатото Бог преку пророците им говореше на нашите предци по многу поводи и на многу начини.

2. Сега, во овие последни денови, Тој ни проговори преку Својот Син - Исус Христос. Преку Него Бог го создаде светот и Него го определи за наследник на се.

3. Тој го одразува сиот сјај на Божјата слава и точно покажува каков е Бог. Тој ја одржува вселената со Својот моќен збор. Откако умре за да не исчисти од нашите гревови, Христос седна на небото од десната страна на Величествениот Бог.

Евреите 1