Ефесјаните 6:13-18 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

13. Затоа целосно облечете го Божјиот оклоп. Така ќе можете да издржите во зло време, па откако борбата ќе заврши, ќе останете цврсто исправени.

14. Бидете непоколебливи, препашани со појасот на вистината, облечени со штитникот на праведноста,

15. обуени и подготвени непоколебливо да чекорите, носејќи ја Радосната вест што донесува мир.

16. Со сето ова, понесете го штитот на верата, со кој ќе можете да ги сопрете и угасите сите огнени стрели на Злиот.

17. Ставете го спасението како шлем и земете го мечот на Светиот Дух, а тоа е Божјото Слово.

18. Постојано молете се и барајте, онака како што ве води Светиот Дух. Бидете будни и истрајно молете се за сите христијани.

Ефесјаните 6