Ефесјаните 5:26-29 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

26. за да ја направи света, исчистувајќи ја преку водното крштавање и преку Божјото Слово,

27. да ја доведе пред Себе славна, без дамка, без брчка, без ништо слично, па да биде света и без мана.

28. Така треба и мажот да ја сака својата сопруга. Да ја сака онака како што си го сака сопственото тело. Кога човек си ја сака сопругата, покажува дека се сака самиот себе.

29. Никој не го мрази сопственото тело, туку го храни и се грижи за него. Тоа го прави и Христос за Црквата.

Ефесјаните 5