Ефесјаните 5:22-27 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

22. Жените треба да ги слушаат своите сопрузи, онака како што Го слушаат Господ,

23. зашто мажот е глава на својата сопруга, онака како што Христос е глава на Црквата. Тој е Спасител на Црквата, која е Негово тело,

24. па, како што Црквата Му е послушна на Христос, така треба и жените во се да им се послушни на своите сопрузи.

25. Истото важи и за вас мажите. Секој маж нека си ја сака својата сопруга онака како што Христос ја сака Црквата и животот си го даде за неа,

26. за да ја направи света, исчистувајќи ја преку водното крштавање и преку Божјото Слово,

27. да ја доведе пред Себе славна, без дамка, без брчка, без ништо слично, па да биде света и без мана.

Ефесјаните 5