Ефесјаните 4:26-32 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

26. „Не гневете се во толкава мера та да грешите!“ Гневот нека ви помине уште истиот ден!

27. Не оставајте простор Ѓаволот да дејствува!

28. Кој крадел, да не краде веќе; нека работи нешто чесно, нека заработува со своите раце, па да може да им дава и на оние што имаат потреба од помош.

29. Лоши зборови да не излегуваат од вашата уста! Зборувајте поучни работи, зборови од кои слушателите ќе имаат некаква полза.

30. Не ожалостувајте го Светиот Дух со своите постапки. Тој е вашиот гарант дека сте спасени и ве чува за денот на откупувањето.

31. Ослободете се од сета горчина, гнев и лутина. Немојте да викате еден на друг и да се навредувате. Ослободете се од се што е зло.

32. Бидете љубезни еден спрема друг и полни со милосрдие, простувајте си, како што и Бог ви прости преку Христос.

Ефесјаните 4