Ефесјаните 4:1-3 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Затоа ве молам, јас кој сум затвореник поради тоа што проповедам за Господ, да живеете живот достоен за луѓе што се повикани, одбрани од Бог.

2. Да бидете понизни, кротки и трпеливи. Да се толерирате меѓусебно и да се сакате.

3. Трудете се да ги зачувате единството, меѓусебната поврзаност и мирот што ви ги дава Светиот Дух.

Ефесјаните 4