Ефесјаните 1:13-17 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

13. И вие сте сега Божји народ. Ја слушнавте вистината, Радосната вест за тоа како можете да се спасите, и поверувавте во неа. Бог ве посвои, ставајќи го врз вас Својот печат со тоа што ви го даде Светиот Дух, токму онака како што ни беше ветено.

14. Светиот Дух е гаранција дека навистина ќе го добиеме она што Бог му го вети на Својот народ: откупување, ослободување за тие што се Негови. Тоа е уште една причина да го славиме нашиот величествен Бог.

15. Слушнав за вашата вера во Исус Христос и за љубовта што ја имате спрема сите христијани

16. и во моите молитви постојано Му благодарам на Бог за вас.

17. Го молам Бога, Славниот Татко на нашиот Господ Исус Христос, да ви даде духовна мудрост и да ви открие се за Себе, за да Го запознаете целосно.

Ефесјаните 1