Дела Ап. 9:29-33 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

29. Се расправаше и со некои елинизирани Евреи, но тие се обидуваа да го убијат.

30. Кога дознаа за ова, христијаните го одведоа во Цезареја, и оттаму го испратија за Тарс.

31. Тогаш низ цела Јудеја, Галилеја и Самарија, за Црквата настапи период на мир и растеж. Живеејќи со страхопочит спрема Господ и имајќи поткрепа од Светиот Дух, бројот на христијаните постојано се зголемуваше.

32. Посетувајќи ги христијаните, апостол Петар патуваше од место во место. Така пристигна и кај следбениците на Господ што живееја во градот Лида.

33. Таму сретна еден човек по име Енеј, кој осум години лежел парализиран.

Дела Ап. 9