Дела Ап. 9:19-23 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

19. Откако се најаде, му се врати силата. Савле остана неколку дена со христијаните во Дамаск.

20. Веднаш почна во синагогите да проповеда дека Исус е Божјиот Син.

21. Сите што го слушаа беа вчудовидени и велеа: „Не ли е овој истиот човек што во Ерусалим ги убиваше следбениците на Исус? Зар не дојде и овде со истата цел: да ги уапси Исусовите следбеници и во пранги да ги одведе кај Првосвештениците?“

22. Но Савле толку уверливо докажуваше дека Исус е Месијата, што Евреите кои беа во Дамаск беа целосно збунети и не можеа да му се противстават.

23. По долго време, Евреите сковаа заговор да го убијат,

Дела Ап. 9