36. Патувајќи така, дојдоа до една вода и евнухот рече: „Еве вода! Што ме спречува да се крстам!?“
37. (Филип рече: ,Ако веруваш со сето свое срце, можеш.‘ Евнухот одговори: ,Верувам дека Исус Христос е Божји Син.‘)
38. Тогаш евнухот нареди колата да застане, па двајцата слегоа во водата и Филип го крсти.
39. Кога излегоа од водата, Духот Господов го грабна Филипа и евнухот веќе не го виде. Потоа радосен си го продолжи патот.
40. А Филип се појави во градот Азот. Минувајќи низ тие предели, ја проповедаше Радосната вест низ сите градови, се додека не стигна до Цезареја.