Дела Ап. 8:14-19 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

14. Кога слушнаа апостолите во Ерусалим дека народот во Самарија ја прифатил Божјата порака, ги испратија кај нив Петар и Јован.

15. Кога пристигнаа тие, се помолија за овие нови христијани да Го примат Светиот Дух,

16. бидејќи Тој се уште не беше слегол над ниту еден од нив, туку тие само беа крстени во името на Господ Исус.

17. Тогаш Петар и Јован се помолија, положувајќи ги рацете врз нив, и тие Го примија Светиот Дух.

18. Кога Симон виде дека Светиот Дух им беше даден преку ракополагање од страна на апостолите, им понуди пари

19. и им рече: „Дајте ми ја и мене оваа моќ, та врз кого ќе положам раце, да Го прими Светиот Дух!“

Дела Ап. 8