Дела Ап. 8:13-16 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

13. Дури и Симон поверува, и се крсти. Му се придружи на Филип и се восхитуваше од чудата и од видливите докази што Филип ги правеше.

14. Кога слушнаа апостолите во Ерусалим дека народот во Самарија ја прифатил Божјата порака, ги испратија кај нив Петар и Јован.

15. Кога пристигнаа тие, се помолија за овие нови христијани да Го примат Светиот Дух,

16. бидејќи Тој се уште не беше слегол над ниту еден од нив, туку тие само беа крстени во името на Господ Исус.

Дела Ап. 8