Дела Ап. 7:44-47 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

44. Додека патуваа низ пустината, нашите предци го носеа заветниот шатор. Така им заповеда Бог. Тој му рече на Мојсеј да го направи според моделот што му го беше покажал‘

45. Многу години подоцна, под водство на Јошуа го донесоа во земјата што ја одзедоа од паганските народи, кои Бог ги истера пред нив. Таму остана се до времето на царот Давид.

46. Бог му беше благонаклонет на Давид и затоа Давид се осмели да побара од Бог дозвола да најде место каде што ќе изгради храм во кој Израелците ќе Му служат на својот Бог.

47. Сепак, Божјиот храм го изгради Соломон.

Дела Ап. 7