Дела Ап. 5:5-12 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

5. Кога Ананиј ги слушна овие зборови, падна и умре! Сите што слушнаа за ова многу се исплашија.

6. Неколку момчиња станаа, го завиткаа во платно, го изнесоа и го погребаа.

7. По околу три часа, дојде неговата жена и влезе, не знаејќи што се случи.

8. Петар ја праша: „Кажи ми, за толку пари ли беше продадена нивата?“ “Да, за толку“ - рече таа.

9. Петар и рече: „Зошто се договоривте да го ставате на проверка Духот Господов? Еве ги пред врата момчињата што отидоа да го погребат твојот маж, па и тебе мртва ќе те изнесат!“

10. И таа веднаш падна пред неговите нозе и умре. Кога влегоа момчињата, ја најдоа и неа мртва, па ја изнесоа и ја погребаа крај нејзиниот маж.

11. Голем страв ја зафати целата црква и сите што слушнаа за ова.

12. Преку рацете на апостолите беа покажувани многу видливи докази и чуда сред народот. Тие редовно се состануваа во храмот, под Соломоновиот трем, и сите беа сложни.

Дела Ап. 5