Дела Ап. 5:30-34 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

30. Вие Го убивте Исуса, Го распнавте на крст, но Богот на нашите татковци Го воскресна,

31. Го воздигна како наш Водач и Спасител, па Го постави на почесното место - од Својата десна страна, за да им даде можност на Израелците да се покаат и Бог да им ги прости гревовите.

32. За овие настани сведоци сме ние и Светиот Дух, Кого Бог им Го даде на оние што Му се послушни.“

33. Кога членовите на Врховното собрание го слушнаа ова, збеснаа и решија да ги убијат Христовите апостоли!

34. Но стана еден фарисеј по име Гамалиел, вероучител почитуван од целиот народ. Им нареди на апостолите да излезат за кратко.

Дела Ап. 5