Дела Ап. 5:21-25 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

21. Апостолите го послушаа и уште на разденување влегоа во храмот и ги поучуваа присутните.

22. Но испратените од гардата на храмот не ги најдоа апостолите во затворот, па се вратија и им рекоа:

23. „Затворот беше заклучен, со целото обезбедување и стража пред вратата, но кога влеговме внатре никого не најдовме!“

24. Кога го слушнаа ова, заповедникот на гардата во храмот и Првосвештеникот се збунија и се прашуваа, што треба да значи тоа!?

25. Тогаш дојде еден човек и им рече: „Оние што ги фрливте в затвор сега се во храмот и го поучуваат народот!“

Дела Ап. 5