Дела Ап. 5:16-25 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

16. Се собираа многу луѓе и од градовите околу Ерусалим. Носеа болни и обземени од демонски духови, и сите беа исцелувани.

17. Тогаш Првосвештеникот и неговите пријатели, садукеите, се исполнија со завист,

18. па ги уапсија апостолите и ги фрлија в затвор.

19. Но уште истата вечер ангел Господов ги отвори вратите на затворот и ги ослободи, велејќи им:

20. „Одете, застанете во храмот и проповедајте им ја на луѓето оваа порака што е од животна важност!“

21. Апостолите го послушаа и уште на разденување влегоа во храмот и ги поучуваа присутните.

22. Но испратените од гардата на храмот не ги најдоа апостолите во затворот, па се вратија и им рекоа:

23. „Затворот беше заклучен, со целото обезбедување и стража пред вратата, но кога влеговме внатре никого не најдовме!“

24. Кога го слушнаа ова, заповедникот на гардата во храмот и Првосвештеникот се збунија и се прашуваа, што треба да значи тоа!?

25. Тогаш дојде еден човек и им рече: „Оние што ги фрливте в затвор сега се во храмот и го поучуваат народот!“

Дела Ап. 5