1. А еден друг човек, по име Ананиј, во договор со својата жена Шапира исто така продаде една од своите ниви
2. но само дел од парите им донесе на апостолите, тврдејќи дека тоа се сите пари. За сето ова знаеше и неговата жена.
3. Тогаш Петар му рече: „Ананиј, зошто дозволи Сатаната да ти го исполни срцето, да Го излажеш Светиот Дух и да прикриеш дел од парите што ги доби за нивата?
4. Нивата беше твоја. Твоја работа беше дали ќе ја продадеш или не. И кога ја продаде, парите беа твои. Зошто се реши на измама? Ти се обиде да Го измамиш Бога, а не луѓето!“
5. Кога Ананиј ги слушна овие зборови, падна и умре! Сите што слушнаа за ова многу се исплашија.
6. Неколку момчиња станаа, го завиткаа во платно, го изнесоа и го погребаа.
7. По околу три часа, дојде неговата жена и влезе, не знаејќи што се случи.
8. Петар ја праша: „Кажи ми, за толку пари ли беше продадена нивата?“ “Да, за толку“ - рече таа.
9. Петар и рече: „Зошто се договоривте да го ставате на проверка Духот Господов? Еве ги пред врата момчињата што отидоа да го погребат твојот маж, па и тебе мртва ќе те изнесат!“
10. И таа веднаш падна пред неговите нозе и умре. Кога влегоа момчињата, ја најдоа и неа мртва, па ја изнесоа и ја погребаа крај нејзиниот маж.