Дела Ап. 4:5-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

5. Утредента се состана Народниот совет составен од сите управници, старешини и вероучители во Ерусалим.

6. Дојде Првосвештеникот Анан, дојдоа и Кајафа, Јован, Александар, како и сите други роднини на Првосвештеникот.

7. Ги доведоа Јован и Петар, ги поставија на средината, па почнаа да ги испрашуваат: „Кој ви даде право, кој ве овласти да го правите ова?“

8. Исполнет со Светиот Дух, Петар им рече: „Управници и старешини на народот!

9. Ако денес не испрашувате за доброто дело спрема сакатиот човек, ако сакате да дознаете како беше исцелен, тогаш,

Дела Ап. 4