Дела Ап. 3:20-25 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

20. Тогаш, присуството на Господ во вашите животи ќе ви донесе освежување и Бог ќе ви Го испрати Месијата Исус, Кој од порано ви беше претскажан.

21. Исус треба да остане на небото, се додека не дојде време Бог да обнови се, како што ни вети уште одамна преку Своите свети пророци.

22. Уште Мојсеј беше претскажал: ,Господ, вашиот Бог, ќе ви издигне од вашиот народ Пророк, како што сум јас. Се што ќе ви каже Тој - слушајте Го!

23. Секој што нема да Го послуша Тој Пророк, ќе биде истребен од Божјиот народ.‘

24. А и сите пророци, од Самоил и неговите наследници, па наваму, зборуваа токму за ова време.

25. Вие сте потомци на пророците, вие сте тие за кои Бог на вашите предци им даде завет, ветувајќи му на Авраам: ,Преку твоето потомство ќе бидат благословени сите народи на Земјата.‘

Дела Ап. 3