Дела Ап. 28:7-15 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

7. Во близината на тоа место имаше имот што му припаѓаше на Публиј, поглаварот на островот. Тој, најљубезно не прими и три дена не гоштаваше.

8. Таткото на Публиј лежеше в постела, зашто имаше треска и страдаше од дизентерија. Павле му пријде, се помоли за него, ги положи рацете врз него и го исцели.

9. По тој настан и други луѓе од островот што беа болни доаѓаа кај Павле и тој ги исцелуваше.

10. Заради ова, островјаните ни искажаа многу почести, а кога повторно испловивме, ни дадоа се што ни беше потребно за пловидбата.

11. По три месеци се качивме на еден брод од Александрија, што го носеше знакот на римските богови - близнаци и ја беше минал зимата на Малта.

12. Стигнавме во Сиракуза и таму останавме три дена.

13. Оттаму, пловејќи покрај брегот, стигнавме во Регија. Утредента дувна јужен ветер, па по два дена стигнавме во Путеоли.

14. Таму најдовме неколку христијани, кои не поканија да останеме кај нив седум дена. Потоа продолживме кон Рим.

15. Тамошните христијани, откако слушнале за нас, дојдоа да не пречекаат уште кај Форумот на Апиј, а други ни се придружија кај Трите Крчми. Кога Павле ги виде, Му заблагодари на Бог и се охрабри.

Дела Ап. 28