Дела Ап. 28:1-3 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Откако се спасивме, дознавме дека се наоѓаме на островот Малта.

2. Островјаните беа мошне љубезни спрема нас. Бидејќи врнеше дожд и беше студено, тие запалија оган и сите не прибраа.

3. Павле собра еден куп суварки и ги ставаше врз огнот, а една змија гонета од огнот излезе од суварките и му се впи во раката.

Дела Ап. 28