Дела Ап. 27:41-44 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

41. Но бродот удри во гребен меѓу две морски струи и предницата на бродот заринка, па не можеше да се помрдне, а задниот дел почна да напукува од ударите на брановите.

42. Војниците имаа намера да ги убијат затворениците, за да не исплива некој и да побегне,

43. но офицерот ги спречи, сакајќи да го поштеди Павле. Тој нареди оние што знаат да пливаат први да скокнат од бродот и да пливаат накај копното,

44. а другите да се спасуваат на штици и на други остатоци од бродот. Така сите се спасија и стигнаа на копното.

Дела Ап. 27