Дела Ап. 27:28-31 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

28. Ја измерија длабочината и утврдија дека изнесува околу триесет и седум метри. Пловеа уште малку, па пак ја измерија длабочината која сега изнесуваше само дваесет и седум метри.

29. Плашејќи се да не удриме во подводни карпи, тие фрлија четири котви од задниот дел на бродот и со трепет чекаа да осамне.

30. Тогаш морнарите се обидоа да побегнат од бродот. Почнаа да го спуштаат чамецот за спасување, под изговор дека од предницата на бродот ќе спуштаат котви.

31. Но Павле им рече на офицерот и на војниците: „Ако морнарите не останат на бродот, нема ни вие да се спасите!“

Дела Ап. 27