17. Морнарите го качија горе и го врзаа со јажиња за бродот. Постоеше опасност да заринкаме на песочните наноси кај Сирт, па затоа ја спуштија котвата и го оставија бродот слободно да плови.
18. Следниот ден бурата толку силно не фрлаше наваму-натаму што морнарите почнаа да го исфрлаат товарот в море.
19. На третиот ден ја исфрлија и опремата на бродот, а и се што им дојде под раце.
20. Веќе долго време не се појавуваа ни сонцето, ниту ѕвездите, а бурата продолжуваше да беснее, така што конечно изгубивме секаква надеж дека ќе се спасиме.
21. Луѓето веќе долго време немаа апетит и не јадеа. Тогаш стана Павле и им рече: „Требаше да ме послушате и да не испловите од Крит. Така ќе се поштедевте од овие неволи и загуби.
22. Сега ве советувам да се држите храбро, зашто никој од вас нема да загине. Ќе биде уништен само бродот.
23. Минатата ноќ застана крај мене ангел пратен од Бога, Кому јас Му припаѓам и служам,
24. и ми рече: ,Не плаши се, Павле! Ти сигурно ќе стигнеш до императорот, а заради тебе, Бог ќе им ги поштеди животите и на сите што пловат со тебе.‘