15. Зафатени од ветерот и не можејќи да пловиме наспроти него, кренавме раце и се препуштивме ветерот да не носи.
16. Кога поминавме во завет на едно островче наречено Кавда, одвај успеавме да го зачуваме чамецот за спасување, кој беше трескан од брановите.
17. Морнарите го качија горе и го врзаа со јажиња за бродот. Постоеше опасност да заринкаме на песочните наноси кај Сирт, па затоа ја спуштија котвата и го оставија бродот слободно да плови.
18. Следниот ден бурата толку силно не фрлаше наваму-натаму што морнарите почнаа да го исфрлаат товарот в море.
19. На третиот ден ја исфрлија и опремата на бродот, а и се што им дојде под раце.