Дела Ап. 27:1-4 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Кога беше решено да не носат за Италија, Павле и неколку други затвореници, му беа предадени на еден офицер од Августовиот полк по име Јулиус.

2. Се качивме на еден брод, чие матично пристаниште беше Адрамитија. Тој се подготвуваше да плови покрај местата од брегот на Азија што ни беа на пат. Со нас беше и Аристарх, Македонец од Солун.

3. Следниот ден пристигнавме во Сидон. Римскиот офицер Јулиус беше многу љубезен со Павле и му дозволи да отиде кај неговите пријатели, за да го снабдат со се што му е потребно.

4. Откако отпловивме оттаму, скршнавме накај Кипар, зашто ветровите не ни дозволуваа да продолжиме во планираната насока.

Дела Ап. 27