Дела Ап. 26:25-28 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

25. „Не сум споулавел, честити Фесте!“ - рече Павле. „Тоа што го зборувам е разумно и вистинито!

26. Царот Агрипа добро ги познава овие работи и затоа јас толку слободно зборувам пред него. Уверен сум дека ништо од сево ова не му е непознато, бидејќи ова не се одигруваше во некое зафрлено ќоше!

27. Верувате ли, царе Агрипа, во она што го пишале пророците? Знам дека верувате!“

28. Агрипа му одговори: „За малку и мене ќе ме убедиш да станам христијанин!“

Дела Ап. 26