2. „Царе Агрипа, имам голема среќа што можам пред Вас да ја изнесам мојата одбрана во врска со се она за што ме обвинуваат Евреите,
3. зашто вие сте добар познавач на еврејските обичаи и расправии. Затоа ве молам внимателно да ме ислушате.
4. Сите Евреи знаат каков беше мојот живот уште додека бев млад, кога живеев во Ерусалим, меѓу мојот народ.
5. Ме познаваат веќе долго време и ако сакаат можат да потврдат дека јас бев фарисеј, што значи дека живеев според најстрогите прописи на нашата вера.
6. Сега сум изведен пред суд, затоа што верувам дека Бог ќе го исполни она што им го вети на нашите прататковци.