Дела Ап. 23:6-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

6. Кога Павле забележа дека дел од членовите на собранието се садукеи, а дел се фарисеи, гласно рече: „Браќа, јас сум фарисеј! Сите мои предци биле фарисеи! Овде ми се суди заради тоа што верувам дека ќе има воскресение од мртвите!“

7. Тоа предизвика расправија меѓу фарисеите и садукеите, па во собранието дојде до поделба.

8. Садукеите тврдеа дека нема ни воскресение, ни ангели, ни духови, а фарисеите веруваат во сето ова.

9. Настана голема викотница. Неколку вероучители од фарисеите станаа и почнаа жестоко да се препираат со садукеите, велејќи: „Не гледаме ништо лошо кај овој човек! Можеби навистина му се јавил дух или ангел и му зборувал!“

Дела Ап. 23