Дела Ап. 23:15-19 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

15. Затоа јавете му на полковникот да го доведе Павле во собранието, божем имате намера поподробно да го испрашувате, а ние, уште пред тој да втаса овде ќе му поставиме заседа и ќе го убиеме.“

16. Но синот на Павловата сестра разбра за овој заговор, па отиде во воената тврдина и му кажа на Павле.

17. Павле викна еден од офицерите и му рече: „Одведи го ова момче кај полковникот. Има нешто важно да му пренесе.“

18. Офицерот го одведе и му рече на полковникот: „Затвореникот Павле ме викна и ме замоли да го доведам ова момче кај вас, зашто имало нешто важно да ви каже.“

19. Полковникот го фати за рака момчето, го одведе настрана и го праша: „Што сакаш да ми кажеш?“

Дела Ап. 23