33. Полковникот го уапси Павле и нареди да го врзат со двојни син?ири. Потоа праша кој е овој човек и каков прекршок сторил.
34. Едни од толпата викаа едно, други друго, па полковникот не можеше ништо да разбере. Затоа нареди да го одведат Павле во тврдината каде што беше сместена војската.
35. Кога дојдоа до скалите, толпата се однесуваше толку насилнички, што војниците мораа да го кренат Павле и да го носат, за да го заштитат.
36. Толпата продолжи да оди по нив и да вика: „Убијте го!“
37. Пред да влезат во воената тврдина, Павле му рече на полковникот: „Ако ми дозволите, јас би сакал да ви кажам нешто.“ “Зар ти знаеш грчки?“ - му одговори полковникот изненадено.