Дела Ап. 21:32-40 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

32. Тој веднаш повика војници и помлади офицери, па со трчање отидоа кај толпата. Кога ги видоа полковникот и војниците, престанаа да го тепаат Павле.

33. Полковникот го уапси Павле и нареди да го врзат со двојни син?ири. Потоа праша кој е овој човек и каков прекршок сторил.

34. Едни од толпата викаа едно, други друго, па полковникот не можеше ништо да разбере. Затоа нареди да го одведат Павле во тврдината каде што беше сместена војската.

35. Кога дојдоа до скалите, толпата се однесуваше толку насилнички, што војниците мораа да го кренат Павле и да го носат, за да го заштитат.

36. Толпата продолжи да оди по нив и да вика: „Убијте го!“

37. Пред да влезат во воената тврдина, Павле му рече на полковникот: „Ако ми дозволите, јас би сакал да ви кажам нешто.“ “Зар ти знаеш грчки?“ - му одговори полковникот изненадено.

38. „Значи ти не си оној Египќанец што пред извесно време крена бунт и поведе во пустината четири илјади убијци!“

39. Павле му одговори: „Јас сум Евреин од познатиот град Тарс во покраината Киликија. Сакам да ве замолам да ми дозволите да им се обратам на луѓето.“

40. Полковникот му дозволи и Павле застана на скалите. Им мавна со раката да молкнат. Кога настана длабока тишина, тој им се обрати на нивниот, арамејски јазик:

Дела Ап. 21