31. Кога се готвеа да го убијат, до командирот на римскиот полк стигна веста дека целиот Ерусалим е на нога!
32. Тој веднаш повика војници и помлади офицери, па со трчање отидоа кај толпата. Кога ги видоа полковникот и војниците, престанаа да го тепаат Павле.
33. Полковникот го уапси Павле и нареди да го врзат со двојни син?ири. Потоа праша кој е овој човек и каков прекршок сторил.
34. Едни од толпата викаа едно, други друго, па полковникот не можеше ништо да разбере. Затоа нареди да го одведат Павле во тврдината каде што беше сместена војската.
35. Кога дојдоа до скалите, толпата се однесуваше толку насилнички, што војниците мораа да го кренат Павле и да го носат, за да го заштитат.
36. Толпата продолжи да оди по нив и да вика: „Убијте го!“