Дела Ап. 20:35-38 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

35. На тој начин ви покажав како со вредно работење може да им се помогне на сиромашните. Не заборавајте што ни порача Самиот Господ Исус: ,Поблагословен е тој што дава, отколку тој што добива‘.“

36. Кога го рече ова, клекна на колена со нив и се молеше.

37. Сите заплакаа на глас, и збогувајќи се, го гушкаа и го бакнуваа.

38. Беа посебно тажни поради тоа што им рече дека веќе нема да го видат. Потоа го испратија до бродот.

Дела Ап. 20