Дела Ап. 20:17-21 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

17. Од Милет испрати порака до старешините на црквата во Ефес и ги замоли да дојдат за да се сретнат со него.

18. Кога пристигнаа, Павле им рече: „Вие знаете како живеев, уште од првиот ден кога пристигнав во Азија, зашто цело време бев со вас.

19. Му служев на Господ со голема понизност, со солзи и маки низ кои морав да поминам поради заговорите што против мене ги коваа Евреите.

20. Сепак, не пропуштив да ви кажам се што е полезно за вас, поучувајќи ве јавно или во вашите домови.

21. Имав иста порака и за Евреите и за неевреите: да се покаат, да се свртат кон Бог и да поверуваат во нашиот Господ Исус.

Дела Ап. 20