Дела Ап. 2:23-26 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

23. Но се случи онака како што беше определено и предвидено од сезнајниот Бог: вие Го предадовте Исуса и со помош на еден паганин, Го распнавте на крст и Го убивте.

24. Но Бог Го воскресна, ослободувајќи Го од смртта која очајнички настојуваше да Го задржи, но не можеше.

25. За Него, Давид вели: ?Знам дека Господ е постојано со мене, Тој ми е оддесно - нема да потклекнам!

26. Поради тоа срцето ми е весело, и душата ми се радува; а и телото во надеж ќе ми почива,

Дела Ап. 2