Дела Ап. 18:3-6 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

3. и бидејќи го знаеше нивниот занает - изработка на шатори - тој остана кај нив и заедно работеа.

4. Секоја сабота Павле одеше во тамошната синагога и им проповедаше и на Евреите и на Грците.

5. Кога Сила и Тимотеј пристигнаа од Македонија, Павле уште поревносно им проповедаше на Евреите дека Исус е Месијата што Го чекаат.

6. Но кога тие се свртеа против него и почнаа да го навредуваат, тој им го врати и правот од наметката и им рече: „По своја вина ќе загинете! Јас немам вина за тоа! Отсега ќе одам да им проповедам на другите народи!“

Дела Ап. 18