Дела Ап. 16:7-10 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

7. Пристигнаа до границите на покраината Мизија и сакаа да се упатат накај покраината Битинија, но Духот на Исус не им дозволи.

8. Минувајќи низ Мизија, слегоа до градот Троада.

9. Во текот на ноќта, Павле имаше видение: еден Македонец, стоеше пред него и го молеше: „Дојди во Македонија и помогни ни!“

10. По тоа негово видение, ние веднаш се упативме накај Македонија, сфаќајќи дека Бог не повикува таму да ја проповедаме Радосната вест.

Дела Ап. 16