Дела Ап. 16:6-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

6. Тие патуваа низ областите Фригија и Галатија, бидејќи Светиот Дух не им дозволуваше да одат и да проповедаат во областа Азија.

7. Пристигнаа до границите на покраината Мизија и сакаа да се упатат накај покраината Битинија, но Духот на Исус не им дозволи.

8. Минувајќи низ Мизија, слегоа до градот Троада.

9. Во текот на ноќта, Павле имаше видение: еден Македонец, стоеше пред него и го молеше: „Дојди во Македонија и помогни ни!“

Дела Ап. 16