Дела Ап. 16:38-40 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

38. Службениците им ја пренесоа на судиите пораката, а овие, кога дознаа дека Павле и Сила се римски граѓани, се уплашија.

39. Дојдоа, им се извинија, ги извадија од затворот и ги молеа да го напуштат градот.

40. Кога излегоа од затворот, Павле и Сила отидоа во домот на Лидија за да се видат со христијаните и да ги охрабрат, а потоа отпатуваа.

Дела Ап. 16