Дела Ап. 15:7-10 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

7. По една долга расправа, стана Петар и им рече: „Луѓе, браќа, вие знаете дека уште од првите денови Бог избра другите народи токму од мојата уста да ја слушнат Радосната вест и да поверуваат.

8. Бог, Кој ги познава човечките срца, потврди дека ги прифаќа и неевреите со тоа што им го даде Светиот Дух, како и нам.

9. Тој не направи никаква разлика меѓу нас и нив. Ги исчисти и нивните срца преку вера.

10. Зошто сега вие не го прифаќате начинот што Бог го одбра и врз вратовите на нееврејските христијани ставате јарем, кој ниту нашите предци, ниту ние не можевме да го носиме?

Дела Ап. 15