Дела Ап. 15:14-18 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

14. Симон Петар ви објасни како самиот Бог најнапред се погрижи да придобие Свои луѓе и од другите, нееврејски народи.

15. Тоа е во согласност со претскажувањата на пророците, кои ги запишале Божјите зборови:

16. ,Подоцна ќе се вратам и ќе го обновам паднатиот шатор на Давид, урнатините ќе ги поправам

17. така што остатокот од човештвото, меѓу кои се и сите нееврејски народи кои Јас сум ги повикал да бидат Мои, ќе можат да Го најдат Господа.‘ Вака рече Господ,

18. Кој уште пред векови ни ги објави овие нешта.

Дела Ап. 15