Дела Ап. 13:1-3 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Меѓу пророците и учителите во антиохиската црква беа и Барнаба, Симон наречен ,Црнец‘, Луцие од Кирена, Менахем, кој беше израснал со царот Ирод, и Савле.

2. Еден ден, додека Му служеа на Господ и постеа, Светиот Дух им рече: „Одвојте ми ги Барнаба и Савле за една посебна задача што сакам да им ја доверам!“

3. Откако постеа и се молеа, нивните соработници ги положија рацете врз нив и ги испратија.

Дела Ап. 13