Дела Ап. 12:19-21 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

19. Ирод испрати потера, но не го најде. Ги испрашуваше и стражарите, но безуспешно, па нареди да ги погубат. Потоа Ирод ја напушти Јудеја и привремено се пресели во Цезареја.

20. Ирод беше во многу лоши односи со граѓаните на Тир и Сидон. Тие се здружија, испратија кај него делегација. Го поткупија Бласт, кој му беше собар, и побараа да склучат мир, бидејќи нивната земја добиваше храна од земјата на царот Ирод.

21. На договорениот ден, Ирод се облече во царска облека, седна на престолот, и му одржа говор на насобраниот народ.

Дела Ап. 12