Дела Ап. 11:6-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

6. Погледнав во платното и видов разни видови четириножни животни, ѕверови, влечуги и птици.

7. Потоа слушнав глас: ,Петар! Стани, коли и јади!‘

8. Јас одговорив: ,Никако, Господи, зашто она што е забрането да се јаде според еврејските закони никогаш не влегло во мојата уста!‘

9. Гласот од небото по вторпат ми проговори: ,Немој да го сметаш за нечисто она што Бог го исчистил!‘

Дела Ап. 11