Дела Ап. 11:28-30 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

28. Еден од нив по име Агав претскажа преку Светиот Дух дека по целото Римско царство ќе настапи голем глад. Тоа навистина и се случи во времето на Клаудиј.

29. Тогаш христијаните во Антиохија решија секој, според своите можности, да им испрати помош на христијаните во Јудеја.

30. Така и направија, испраќајќи ја помошта до тамошните старешини, преку Барнаба и Савле.

Дела Ап. 11